October 6, 2022

Tимчо Myцунски: Наместо ресторан, ќе има градинка

Ресторан во “Блаже Конески“ нема да има. Наместо тоа, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, решава еден од најголемите проблеми во општината.

Големиот проблем на жителите на Аеродром со немањето место во градинките станува минато. На местото каде што досега имаше ресторан, ќе никне градинка за деца.

Ова беше едно од клучните предизборни ветувања на градоначалникот Муцунски на кое се работи уште од почетокот на мандатот.

Исто така, според нашите сознанија, дознаваме дека на седницата на Советот на општина Аеродром ќе се избришат уште две градежни маркици.