May 27, 2022

Majkа на 4 деца менува 24 пелени дневно, а троши на храна околу 260 евра неделно

Џени Мар (36) од Тексас и нејзиниот сопруг Крис на 15 март 2020 година, кога поголемиот дел од светот беше во локдаун, го прославија раѓањето на нивната четворка – момчињата Хадсон, Харисон, Хенри и Харди. Нивните животи се целосно променети.

„Одеднаш имавме четири бебиња за кои треба да се грижиме“, изјавила Џени за The Sun.

Таа и нејзиниот сопруг менуваат 24 пелени дневно и трошат околу 260 евра неделно на намирници. Тие пијат 6,8 литри млеко на секои неколку дена.

„Се обидувам да готвам, но понекогаш сум толку исцрпена што само загревам нешто замрзнато за себе и за Крис“, признава оваа мајка на четири 20-месечни момчиња.

Двојката престанала да користи контрацепција во март 2019 година. Шест месеци подоцна дознале дека Џени е бремена, но шокот бил поголем кога откриле дека се работи за повеќекратна бременост.

„Нервозно ја прашав докторката дали тоа значи дека се близнаци, но ништо не можеше да ме подготви за нејзиниот одговор. Таа ми рече дека носам тројки“, вели таа.
Меѓутоа, една недела подоцна, специјалистот по прегледот им соопштил на идните родители дека тие всушност се четворица.
„Јас и Крис само се насмеавме и за малку ќе се онесвестевме. Бев среќна што се четворица бидејќи никогаш не ми се допаѓале непарните броеви“, истакнува таа.

Шансите за идентична природно зачната четворка се 1 спрема 15 милиони, пишува Daily Mail.

Џени се породила во 28-та недела од бременоста. Сите бебиња биле хранети со сонда и првите недели од животот ги поминале во инкубатори.
„Тие се нашите чуда и денес се чувствуваме како најсреќните мама и тато на светот“, заклучиле Џени и Крис.