January 22, 2022

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Во 2022 ќе има четири продолжени празнични викенди за сите граѓани

Во 2022 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, но два празника неработни во ист ден. Лани имаше пет продолжени празнични викенди, а во 2020 година шест.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на божикните празници, кога неработен ден е 7 јануари, петок.

Втор неработен ден што се спојува со викенд е 25 април (понеделник), вториот ден на христијанскиот празник Велигден. Продолжен викенд ќе има и за 1 мај, кој се паѓа в недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај. На овој ден е и празникот Рамазан бајрам.

Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (сабота) Нова година, 24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, 2 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, и 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

Програма на неработни денови за 2022 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ 1 јануари (сабота), Нова година, 7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден, 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 2 мај (понеделник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, 24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, 2 август (вторник), Ден на Републиката

8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски. За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед 9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука, За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (четврток), Свети Сава, За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.