January 22, 2022

Кај нас лабавkо ќе си се слави. по кафулиња и ресторани: Голем дел од светот во локдаун за новогодишната ноќ

За разлика од нас, милијарди луѓе ширум светот ќе ја прослават 2022 година, втората Нова година обележана со ограничувања поради коронавирусот. Многу големи забави и огномети се откажани во светот, вклучувајќи ги Лондон и Париз. На други места, прославите се значително намалени, меѓу кои и настаните во Мадрид и Рио, пишува ДПА.

Со полабави мерки во однос на остатокот од светот, граѓаните ширум Македонија ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година. Граѓаните се организираат да прослават на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани.

Годинава китењето во главниот град почна со задоцнување. Од минатата недела на скопскиот плоштад може да се забележат неколку новогодишни украси кои за првпат не го чинат Градот Скопје, туку се на грбот на општествено одговорни компании. На самиот плоштад се поставени и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“.

– Градот нема да биде тажен. Нова година ќе се прослави, но на скромен начин, без тоа да го чини Градот 250 илјади евра – рече Арсовска, додавајќи дека средствата ќе бидат пренаменети за оние кои немаат ниту за храна овие денови.

Умерено со алkoxолот, петapдите и мрснaaта xpана

За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, Градот преговараше со македонски музички изведувачи. Според програмата, вечер од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало вчера за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје. Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти. Директорот на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами вчера за МИА изјави дека се надева оти граѓаните нема да претеруваат со внес на храна и алкохолни пијалаци.