January 23, 2022

Препорака за корисниците на Samsung: Не преземајте ја оваа апликација

На корисниците на Samsung не се препорачува да ја користат стриминг апликацијата за филмови од Google Play Store бидејќи некои од овие апликации се штетни.

Продавницата за апликации на Samsung Galaxy Store има штетни стриминг апликации за гледање филмови, открива порталот Android Police.

Не се препорачува користење на апликацијата Showbox бидејќи е откриено дека е потенцијално опасна откако е напраена проверка за вируси. Некои од нив бараат премногу дозволи, вклучително и пристап до контактите и повиците на телефонот.

Со оглед на тоа дека Galaxy Store не го покажува бројот на инсталации, тешко е да се процени колку пати се симнати тие сомнителни апликации од страна на корисниците на Samsung па досега.

Од Samsung досега не го коментираат овој случај па можеби е подобро корисниците на Samsung да преземаат апликации од Play Store.

Извор: B92.net