January 22, 2022

Невидено безобразие –дивее со автомобил, се снима за Инстаграм и предизвикува сообраќајка

Еден возач споделил слика на една социјална мрежа како вози со преголема брзина, а потоа се случува сообраќајна несреќа. После тоа, совозачот продолжува да го снима скршеното возило и доброто расположение на возачот кој во едната рака го држи мобилниот, а со другата мавта во знак на радост.

„Возачот е Дарко Г. од Инџија, татко на две малолетни деца, кој како што се наведува, пред неколку месеци предизвикал тешка сообраќајка кај Љуково во која неговиот сопатник е тешко повреден. Овој возач сè уште се однесува арогантно и вози брзо по улиците на Инџија, пишува во текстот под видеото на профилот на Инстаграм, 192_Rs. “

„Дали надлежните ќе им застанат на патот на ваквите возачи и кое е според вас решението за да се спречат ваквите работи, пишете ни во коментар“ – стои во текстот под видеото на Инстаграм.