January 23, 2022

Стојанче излезе на терен: Жителите со реакција – завеан е патот со снег, не можат да пристап до своите викендици

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК по пријава на граѓани излезе на терен да се запознае со ситуацијата и да изврши увид на состојбата на со снег завениот, пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.

Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Денес дојдовме да извршиме увид на патот кој продолжува кон селото Галичник. Последните неколку денови напаравивме координација со надлежните субјекти. Денес очекуваме овој пат да биде исчистен за да може граѓаните кои имаат таму викендици, да можат непречено да отидат кон селото.


Во ова прилика, уште еднаш ги повикуваме граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.