January 23, 2022

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ ВИСТИНСКИОТ МЕД? Лесно е, разликата може да се воочи на ПРВ ПОГЛЕД

Кога купуваме мед, на сите ни е важно да купиме вистински, домашен мед . Иако речиси сите се продаваат како такви, не е секогаш случај теглата што сте ја купиле да содржи вистински мед.

Некои производители додаваат шеќерен сируп во медот за да добијат поголема количина. Ако сакате да знаете како да разликувате вистински мед од невистински мед, постојат неколку разлики. Вистинскиот мед има некои својства кои не се „вештачки“.

Во водата ставете една лажица мед. Ако остане на дното, медот е реален. „Лажниот“ мед веднаш ќе почне да се раствора, односно да се меша со вода, пишува Убавина и здравје.

Кога ќе земете една лажичка мед од тегла , медот се јаде , а не се голта. Ако под јазикот се чувствуваат цврстина и горчина, тоа е вистински, природен мед.

Освен по вкус, медот може да се препознае и по неговиот изглед. Имено, кога станува збор за вистински мед, ќе забележите дека по некое време тој кристализира.

Можете исто така да натопите мало парче памучна вата во мед и да се обидете да го запалите. Ако гори, медот е вистински. Можете да го ставите пред мравките. Ако медот е вистински, ќе го заобиколат во широк лак бидејќи вистински мед – не можат да го издржат.