January 23, 2022

Влегла со температура на прес конференција на Путин?

Новинарката Ана Шишминцева од Русија се извини што направила циркус на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин.

Таа на веб-страницата „Област 45“, по конференцијата на социјалните мрежи се пофали дека на конференцијата влегла со помош на стар тест за ковид и со треска.

Во сега избришаната објава, Шиминцева напиша: „ Првото нешто што ме насмеа беше тоа што ме пуштија со погрешен датум на ПЦР-тестот. (Ви благодариме што не обрнувавте внимание)“.


Нејзините најави предизвикаа тревога, а потоа пристигна извинување.

„Извинете, излажав. Бев возбудена, не спиев со денови. Им се извинувам на сите мои колеги новинари и организаторите на прес-конференцијата за лошата шега со температурата“, напиша таа во петокот на Инстаграм.

Во четвртокот Путин ја одржа својата годишна прес-конференција на која зборуваше за голем број горливи теми, од кризата со НАТО и Украина, преку коронавирусот до опозиционерот Алексеј Навални.

Русија во последните недели се бори со голем број заразени лица, со дневен број од околу 25.000.

Извор: tocka.com.mk