January 23, 2022

Нови оставки во раководството на СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

Пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.

Инаку, засега е неизвесно дали Спасовски ќе остане во новата Влада која ќе ја формира Ковачевски.