January 19, 2022

СВЕТОТ ВО КОЛАПС: Омиkрон ги коси пилотите, се очекува отkажување на 10.000 летови

Ширење на kоронавирусот меѓу пилотите и стјуардесите доведе до откажување на илјадници авионски летови викендов. Ситуацијата станува се’ подраматична и се очекува бројот на откажани летови во последната недела од 2021 година да достигне неверојатни 10.000.

Главната причина е омикрон мутацијата која забрзано се шири низ светот. Поради тоа авио компаниите се соочуваат со недостаток на персонал и неможност да ги исполнат барањата на патниците и претходно закажаните летови.

Според сајтот „ФлајтАвер“ над 2.800 летови се откажани вчера, а околу 2.400 во петокот. До денес наутро ширум светот се откажжани речиси 1.600 летови, а одложени се 2.000.

Кина е меѓу земјите кои масовно откажува летови. Според достапните информации компанијата „Чајна Истерн“ откажала 540 летови, што е околу 20 проценти од планираните, додека „Ер Чајна“ 267 летови што претставува четвртина од вкупнит број летови на оваа компанија. Двете компании поради откажувањата се во тешка финансиска ситуација, а според последните извештаи во третиот квартал од годината загубиле над милијарда евра приходи.

И во САД ситуацијата е слична. Вчера се откажани 1.000 летови, а во петокот 690. Причината конкретно не е позната, но од „Делта“, „Јунајтед“ и „Џет Блу“ соопштиле дека ширењето на омикрон предизивикува проблеми со персоналот што последично доведува до откажување на летови.

И европските и австралиските авио компанија исто така се соочени со откажани летови за време на празничната сезона.

Германската компанија „Лифтханза“ соопшти дека откажува десетина прекуокеански летови за време на празниците поради големиот број заболени пилоти.