January 22, 2022

ФОТО: Роденден во Зоо Скопје, шимпанзото Коко наполни 26 години

Популарното шимпанзо Коко кое е еден од милениците на посетителите во скопската Зоолошка градина вчера го прослави својот 26 роденден.

Вработените во Зоо Скопје му приредија роденденско изненадување и торта.

-Роденденот го прослави заедно со својата Зоо негувателка Билјана со која се родени на ист ден. Подароци и торти направени од ориз, јатки и овошје покрај славеникот, добија и останатите шимпанза, објавија од Зоо Скопје.

Шимпанзото Коко, во јули 2019 година се врати по 10 години ресоцијализација во Холандија каде беше поради анксиозност и депресија. Со него донесени беа уште три шимпанза Мими, Роси и Хјасл.