January 19, 2022

Латас: Шекеринска е ДНО, со неа е точка, не сум приметил дека била во политиkaта

Корупција општа, посебно корупција на правниот систем. По тоа ќе го паметам Зоран Заев. Заминувале многумина, но никој не бил омразен како него по заминување од власта. И во сопствената партија 30 % не сакаа да гласаа за неговиот наследник, вели Драган Павловиќ Латас во интервјуто на Канал 5 телевизија.

Се што има направено Заев е корупција. Начинот на доаѓањето на власт е корупција, се она што беше прикажано во суд, а кое беше монтирано, а кое беше употребено иако со тоа се кршеше законот. Сето тоа е врзано со корупција. Заев ќе има иднина со испреплетени кривични пријави.

На прашањето со што Шекеринска се разликува од сегашното раководство на СДСМ, Латас вели: Таа е дно. Со Шекеринска е точка. Не сум ја приметил дека била во политиката за да имам свое мислење.

За наследникот на Заев, неговото мислење е дека нема аргументи во моментов бидејќи тој е нов во политиката.

Ковачевски треба да покаже кои се неговите првични планови не само во партијата, туку и за државвата. Јас му посакувам лично да успее, но се сомневам дека може. За да добиете поинаков резултат мора да имате поинаков внес на податоци. Тој мора да ги прекине врските со наркодилерите воопшто. Тука спаѓаат и тендерите и се друго. Тоа ќе биде тешко бидејќи тие луѓе се навикнати да ги имаат своите привилегии. Потоа, мора да се ослободи од диктаторска контрола на правосудниот систем, тука спаѓаат судии и обвинители, додава популарниот новинар кој е познат по своите критики за СДСМ.

Според Латас, Ковачевски не смее да ги гони новинарите, мора да спроведе политика која гарантира слобода.

Ние имаме 4,5 новинари кои се кривично гонети по судови. Како можете да кажете дека имате демократска власт со 4,5 новинари со кривични постапки? Тука не престанува демократијата во однос на милионите, рече Латас.