January 22, 2022

Десетици илјади возила дневно влегуваат во земјава преку граничните премини, мерките остануваат исти

На граничните премини се уште е на сила мерката со која при влез во земјава е потребен сертификат за вакцинација, или ПЦР тест не постар од 72 часа, или антиген тест не постар од 48 часа. Во спротивно секој патник оди во задолжителен карантин од 10 дена

На последната прес-конференција пред три дена,кога се уште не беше регистрирал случај со омикрон во земјава, министерот за здравство Венко Филипче рече дека за новогодишните празници нема потреба од воведување рестриктивни мерки за заштита од ковид-19 и дека актуелните мерки, според него, се доволни

Од вчера до денеска напладне во земјава влегле над 34 000 возила на граничните премини во земјава, од кои 15 000 биле со странски регистерски таблици. Од нив 23 494 автомобили се на влез, додека 12 113 возила ја напуштиле државата. Повеќе сообраќај во последните денови има на граничниот премин Табановце, што се поврзува до посет на дијаспората за претстојните празници.

За да нема поголеми задржувања надлежните ги пуштиле сите пет ленти за патнички возила и една дополнитена лента.

Од МВР велат дека состојбата на сите гранични премини се следи и се спроведуваат сите контроли за влез во земјата во согласност со здравствените протоколи за заштита од ковид 19 и дека истото важи и за аеродромите.

На граничните премини се уште е на сила мерката со која при влез во земјава е потребен сертификат за вакцинација, или ПЦР тест не постар од 72 часа, или антиген тест не постар од 48 часа. Во спротивно секој патник оди во задолжителен карантин од 10 дена.

На последната прес-конференција пред три дена, министерот за здравство Венко Филипче, кој според најавата, нема веќе да го води овој ресор, рече дека за новогодишните празници нема потреба од воведување рестриктивни мерки за заштита од ковид-19 и дека актуелните мерки, според него, се доволни.

Што ќе се случува понатаму, рече тогаш Филипче, не може да се предвиди. Дали ќе се појави некоја нова варијанта на вирусот која ќе ја влоши ситуацијата, не може да се знае, и затоа, нагласи дека потребна е вакцинација.

Но, оваа изјава тој ја даде пред во земјава да биде регистриран случај со сојот омикрон.

Првиот ваков случај беше објавен вчера и е детектиран во една од приватните лаборатории – кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Тој бил вакциниран со две дози на Фајзер го имал прележано вирусот. Пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.