January 23, 2022

Џафери го извести Пендаровски дека владата е во оставка, почнуваат роковите за нов мандатар

Во Собранието претпладнево беше констатирана оставката што премиерот Зоран Заев вчера ја достави до спикерот Талат Џафери
Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски стигнало известување од Собранието дека денеска е констатирана оставката на премиерот, Зоран Заев, која повлекува оставка на целата Влада.

Од кабинетот на Пендаровски ни изјавија дека со тоа почнува да тече рокот од 10 дена во кои партиите од мнозинството треба да го известат претседателот за кандидатот за состав на нова влада, по што тој би м го доделил мандатот.

Во Собранието претпладнево беше констатирана оставката што Заев вчера ја достави до спикерот Талат Џафери.

Претходно, Џафери, на брифинг со новинарите, изјави дека владата во оставка останува на функцијата до избор на нова влада, н о дека ќе ја врши должноста само на техничко ниво.