January 23, 2022

„ТikTok“ најпосетуван интернет домејн во светот во 2021


САД– Во 2021 година, сервисот TikTok за размена на кратки видеа стана најпосетуваниот интернет домен во светот, пред минатогодишниот лидер Гугл, кој е дел од холдингот Aлфабет, според американската технолошка компанија Cloudflare.

„ТikTok“ изби на прво место на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден по посети е пред Гугл.

TikTok, во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, претходно пријави повеќе од милијарда активни корисници месечно. Третото место на листата на најпосетувани домени, вклучувајќи веб-страници и апликации, го зазеде социјалната мрежа Фејсбук во минатата година, четвртото – Мајкрософт, а петтото – Епл. Во топ 10 се и Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и Whatsapp.