January 23, 2022

Кинески хороскоп: Почетокот на 2022 година носи неверојатна среќа за овие три знака!


Во јануари ѕвездите ќе покажат голема наклонетост кон одредени хороскопски знаци. Иако некои планети се во ретроградно движење, првиот месец во годината ќе биде свечен и необичен.

Близнаци
Првиот месец од новата година, Близнаците ќе блескаат со прекрасна енергија, која ќе биде волшебна од првиот до последниот ден и ќе чувствуваат како животот да им е бајка. Постои голема шанса да им се оствари голема желба за која полека почнале да губат надеж дека некогаш ќе им се оствари.

Според лунарниот кинески календар, 2022 година е година на Водениот тигар, па уште на почетокот од годината Близнаците амбициозно ќе почнат да ги остваруваат своите цели. Се случуваат чуда, а овој знак би требало да се подготви за многу изненадувања.

Стрелец
Стрелците ќе бидат многу среќни, бидејќи ќе им се остварат љубовните желби. Оние што долго сонувале да ја запознаат сродната душа, на почетокот од новата година ќе запознаат некој посебен. Стрелците кои веќе пронашле партнер во јануари ќе размислуваат за следниот чекор – заеднички живот или венчање. Ако веќе познаваат некој посебен, јануари ќе биде вистинското време да соберат храброст и да го направат првиот чекор.

Водолија
Водолијата во јануари ќе вложи многу труд за да ги оствари своите желби. Тоа ќе им биде најсреќниот месец во новата година и тоа на сите животни полиња, во финансиите, љубовта и здравјето. Ќе бидат полни со енергија и самодоверба и конечно ќе одлучат да ризикуваат за да го остварат тоа што го сакаат. Интуицијата ќе ги насочи да донесат вистинска одлука.