January 19, 2022

Полицијата за само 4 часа со посебно опремен радар на оваа територија казнила 22 возачи

Во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 22 возачи. Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ФАТЕН КРАДЕЦ НА ДЕЛО ВО СКОПСКО

Денеска (19.12.2021) во 11.30 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.А.(27) од Скопје.

Тој бил затекнат при обид за извршување тешка кражба во викенд куќа во селото. А.А. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.