January 23, 2022

„ИГРАЈ БЕЗ НEPВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“ Наградите израдувaa уште тројца добитници

Наградна игра „Играј без нервози и мерцедес вози“ израдува повеќе верни играчи на единственaта легална платформа за онлајн игри на среќа 2win.mk. Во просториите на Видеолотарија Казинос Австрија по своите награди, задоволни пристигнуваат среќните играчи. Наградната игра ќе трае до 31 јануари 2022 година. По завршувањето ќе бидат доделени и главните награди – два автомобила „мерцедес“.

Ивица Андов, благодарение на наградната игра „Играј без нервози и мерцедес вози“ подготвува супер изненадување за својата девојка. Наградата која ја освои благодарение на видеолотариските игри на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.мк, ќе ѝ ја подари на својата девојка како предновогодишно изненадување.

Игор Спасовски во третото коло од наградната игра освои таблет во категоријата спортско обложување.

– Јас постојано играм спортско обложување на платформата 2win, бидејќи ми е многу полесно да го правам тоа од дома. Играм од задоволство, па не ни очекував да добијам некаква награда. За награднава игра ги проверував резултатите, ама во делот за видеолотариските игри, не ни знаев дека важи и за спортското обложување, па кога добив мејл дека сум добитник бев ептен изненаден. Пресреќен сум – рече Игор при подигањето на освоениот таблет.

Без големи очекувања бил и Златко Спироски, редовен играч на 2win.mk, кој исто како Игор освоил таблет.

Никола Спировски, кој е еден од најуспешните во третото коло во категоријата видеолотариски игри, освои телефон.

– Има шест игри кои ми се омилени и ги играм постојано. Очигледно ми се и среќни, бидејќи ми го донесоа овој телефон. Ја следев внимателно ранг-листата и беше густо и неизвесно каде ќе завршам до самиот крај, но ете стигнав до награда која ми треба и ќе ја користам – истакна Никола.

Наградната игра „Играј без нервози и мерцедес вози“ и понатаму е во полн ек, тече четвртото коло и до крајот на месецов секој има шанса да се најде на повисоките места на ранг-листата, кои носат најпривлечни награди.

И во ова коло Видеолотарија Казинос Австрија доделува по 70 награди, поделени во двете категории (спортско обложување и видеолотариски игри), а најпримамливи меѓу нив се лаптопите, таблетите и телефоните. Наградната игра трае до 31 јануари, кога ќе биде јасен пласманот и на генералната табела, во борба за главните награди – два автомобила „мерцедес“.