January 19, 2022

Го фрлил дискот со биткоини и го бара повеќе од 8 години, а сега вреди 357 милиони долари

Њујорк Тајмс објави дека околу 140 милијарди долари во биткоини биле изгубени поради сопствениците кои ги заборавиле своите лозинки од раните денови на криптовалутите.

Или едноставно затоа што никогаш не направиле резервна копија од нивните паричници.

Меѓутоа, она што се случило со овие луѓе најдобро говори случајот со Џејмс Хауелс, кој и понатаму го привлекува вниманието на медиумите, токму поради „растот“ на неговата загуба.

Во 2013 година, пролетта , еден човек фрлил стар компјутерски хард диск додека го чистел својот дом во Њупорт, Велика Британија. Сега, повеќе од осум години по немилиот настан, тој сè уште очајнички бара да му дозволат да ја пребара локалната депонија.

Причината поради која 35-годишниот ИТ инженер Џејмс Хауелс сака да копа по локалното ѓубре е содржината на дискот – паричник со 7.500 биткоини. Во моментот кога го фрлил дискот, таа количина биткоин вредела 665 илјади долари. Денес тоа би го направило милионер, бидејќи би вредел вкупно 357 милиони долари.

Меѓутоа, во 2013 година, кога првпат пишувавме за тоа, содржината на изгубениот хард диск вредеше „само 6,5 милиони“.

Но, четири години подоцна повторно се потсетивме на него, бидејќи „неговата мака“ порасна на дури 85 милиони долари.

Сепак, тоа практично не е ништо во споредба со ова сега, а само тој знае како е.

Во исто време, Хауелс не е единствениот сопственик на криптовалути кој се соочил со катастрофално сценарио.

Претходно оваа година, Њујорк Тајмс објави дека приближно 140 милијарди долари во биткоини биле изгубени поради сопствениците кои ги заборавиле своите лозинки од раните денови на криптовалутите или затоа што никогаш не направиле резервна копија од нивните паричници.