January 22, 2022

РАСЧИСТЕНА КРАЖБА ВО СКОПЈЕ, ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА

Денеска (19.12.2021) во 10.00 часот на бул.„Александар Македонски“ и во 10.20 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Л.(25) и А.А(42), двајцата од Скопје. И.Л. се сомничи дека во 09.49 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ извршил тешка кражба на дрзок начин над две женски лица, по што одземените предмети ги дал на А.А.. Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото, a украдените предмети се вратени на сопс