January 23, 2022

ЗАСТРАШУВАЧKO ВИДЕО Снимен падот на хеликоптep кој се урна на сред автопат (ВИДЕО)

Според извештаите на медиумите, пилотот бил на пат кон аеродромот Лејкфронт за да земе патници.

Страшна несреќа се случи во вторникот во Луизијана, кога хеликоптер се урна на автопат, а снимките од инцидентот почнаа да кружат на интернет.

Во несреќата загина пилотот. Тој бил единствениот на летот и бил татко на три деца, сите помлади од 8 години, објави Курир.

Според извештаите на медиумите, пилотот бил на пат кон аеродромот Лејкфронт за да земе патници.

Хеликоптерот, како што се наведува, останал без пропелери во воздухот, по судирот со далноводот.

Сообраќајот кон исток беше неколку часа во прекин.

Последователните снимки покажаа автомобили кои возат од спротивната страна на автопатот.

Чад и оган беа забележани од другата страна на мостот додека возилата полека минуваа покрај урнатиот хеликоптер.

Исто така, на социјалната мрежа Твитер се појави видео од паѓањето на хеликоптерот.