January 22, 2022

Трагедија: Починaa 35-годишен хиpypг од Штип

Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип.

Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Доктор Симон Василев беше ценет и почитуван другар, пријател, роднина, подготвен секогаш и на секого да помогне во најразлични ситуации.

„Луѓе умираат поради истрошено срце и крвни садови! Запомнете го тоа еднаш засекогаш!“, тврди Александар Симјаноски
Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно.