January 22, 2022

ЗАТНАТ НОС, КИВАЊЕ, БОЛКА ВО ГРЛОТО Научниците ги утврдија симптомите на сојот омикрон

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува Глас Истре.

Најчести симптоми на новата варијанта на коронавирус омикрон се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот.

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува Глас Истре.

Исто така, се нагласува дека омикронот се размножува десет пати побавно во белите дробови во однос на претходните варијанти, односно дека почесто останува во горниот дел на респираторниот систем, односно во бронхиите.