January 23, 2022

Викенд временска прогноза: Какво време не очекува и за првите два дена од наредната недела

Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување на снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во понеделник времето е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

На југозападот ќе биде значително облачно и локално ќе провејува снег.

Во вторник времето е сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.