January 19, 2022

Заев и официјално му ја предаде партиската функција на Ковачевски: Пријателе, мудроста ја имаш, чувај ја партијата

Премиерот Зоран Заев денеска официјално му ја предаде функцијата претседател на СДСМ на неговиот наследник Димитар Ковачевски.

Пријателе, ти ја посакувам сета среќа на светот, мудроста ја имаш. Да ја чуваш оваа најголема и државотворна партија, да ја негуваш социјалдемократијата, да водиш грижа за единството и да ја чуваш слободата и демократијата во државата, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Заев му посака успешен мандат и го посоветува да одбере мудро раководство коешто сите ќе го следат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Зоран Заев (@zoranzaev)