January 22, 2022

Фyдбалерите ги дoзнаа противниците во Лигата на нации: Македонија на мегдан со Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците за третото издание од Лигата нации и ќе игра против селекцијата на Бугарија.

„Рисовите“ на денешната ждрепка се најдоа во групата Ц4 заедно со селекциите на Бугарија која беше носител, Грузија и Гибралтар.

Дуелите со Бугарија се очекува да бидат интересни и поради затгегнатите политички односи во последно време, а противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде и Грузија преку која Македонија обезбеди историски пласман на Европското првенство. Тотален аутсајдер во групата е Гибралтар.

Натпреварите ќе се играат од јуни до септември идната година. Првото коло ќе се игра од 2-4 јуни, второто на 5и 6 јуни, третото од 8-11 јуни, а четвртото од 12-14 јуни. Последните две кола ќе се одиграат во септември, петтото коло од 22-24, додека последното шесто коло ќе се игра од 25 до 27 септември.
Победниците од групите ќе обезбедат пласман во Б-дивизијата, додека последнопласираните ќе играат плејаут баражи во март 2024 година и два поразени тима ќе испаднат во Д-дивизијата.

Ц-ДИВИЗИЈА
ГРУПА Ц1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови
ГРУПА Ц2: С. Ирска, Грција, Косово, Кипар/Естонија
ГРУПА Ц3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан/Молдавија
ГРУПА Ц4: Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар

Извор: Слободен печат