January 22, 2022

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Новиот сој на коpонa виpyсот oмиkpон се шири низ целиот Свет, потврден во 77 земји

Новиот вид на коpoнa виpyсот, омиkpон се шири со невидена брзина во Светот, предупреди Светската здравствена организација, истакнувајќи дека случаи на овој сој се потврдени во 77 земји.

Сепак, генералниот секретар на Светската здpавствена оpганизaциjа, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во вторникот рече дека омиkpoн веројатно е присутен во други земји каде што сè уште не е откриен.

Тој изрази загриженост дека се чини дека не се прави доволно за да се контролира овој вид, пренесува ВВС.

„Досега научивме да го потценуваме овој вирус. Иако омикрон предизвикува поблага клиничка слика, огромниот број случаи може повторно да ги надмине неподготвените здравствени системи“, предупреди Тедрос.

Тој ја повтори својата загриженост поради нееднаквата распределба на вакцините во богатите и сиромашните земји.