January 22, 2022

ДО 3.000 ПАКЕТЧИЊА ЌЕ БИДАТ СОБРАНИ ВО АКЦИЈАТА „И ЈАС СУМ ДЕТЕ“ Да поттикнеме барем една детска насмевка, тоа е радост за сите

Медиумската информативна агенција, МИА и дел од нејзините вработени решија да донираат новогодишни пакетчиња и да се приклучат на хуманитарната акција „И јас сум дете“.

Целта на акцијата е да е соберат новогодишни пакетчиња кои ќе им бидат поделени на дечињате од ранливите категории. Акцијата се спроведува на ниво на цела држава.

Донаторите истакнаа дека во ова „сиво време“ прекрасно е да се помогне на кого било, особено кога станува збор за деца.

– Измамувањето на макар една детска насмевка е радост за секого. Празниците за жал не се за сите среќни, затоа се обидуваме барем некого да израдуваме. Пакетчиња сакаат сите, тие сами по себе носат радост. Сите треба да бидеме хумани и да помогнеме онаму каде што сме потребни – нагласија донаторите.

Во рамки на акцијата минатата година беа собрани 2.500 пакетчиња, организаторите очекуваат дека оваа години ќе се соберат околу 3.000 новогодишни пакетчиња.