January 19, 2022

ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО ШТИП – станарите евакуирани, 90 годишен маж не се одѕвал на повиците да ја отвори вратата, еве ги деталите

Пожар во подрумските простории на станбена зграда во штипската населба Автокоманда ги натера станарите да се евакуираат од своите станови.

Пожарникарите брзо интервенирале и го изгаснале огнот во подрум полн со дрва.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој беше на лице место, изјави дека од пожарот низ станбената зграда во којашто живеат девет семејства брзо се проширил чад, по што станарите веднаш биле евакуирани.

Пожарникарите и станарите морале да интервенираат и во еден од становите, каде што живел 90-годишен маж, којшто не се одѕивал на повиците да ја отвори вратата. Старецот не е повреден, но поради вдишување на поголемо количество на чад е хоспитализиран во штипската болница и превентивно ќе остане вечерва под лекарски надзор.

– Како Општина ќе работиме за подобрување на условите во кои работат, како и осовременување на опременоста на самите пожарникари со нови противпожарни возила и опрема. Посакуваме да бидеме сведоци на што помалку вакви настани и затоа апелираме до сите наши сограѓани за превенција и подигање на свесноста за општата колективна безбедност, изјави Јорданов.

Тој посочи дека оваа вечер четири семејства од станбената зграда ноќта нема да ја поминат нивните домови, бидејќи становите по интервенцијата мирисаат на чад, а останатите пет семејства, кои се на другата страна од опожарените подрумски простории можат да останат во своите домови.

Полицијата во моментов врши увид за утврдување на причините на пожарот