January 23, 2022

АПАСИЕВ, ЏАФЕРИ И СТОЈАНЧЕ ОДАТ ВО КАФЕАНА Велешанецот Стефан Николовски ги имитира македонските политичари (ВИДЕО)

Младиот велешанец Стефан Николовски има огромен талент за имитирање други луѓе, а своите пресмешни видеа ги објавува на социјалната мрежа Тик-тоok.

Овојпат, тој на тапет ги стави најпознатите македонски политичари, а темата на „проектот“ е како опозиционерите и членовите на власта заедно се договараат да одат во кафеана.

Во првото видео тој ги имитира гласовите на Димитар Апасиев, Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Христијан Мицkоски, Талат Џафери и на Бранко Црвенковски.

@stnikolovski

Kako odat politicarite vo kafana 😂

♬ original sound – Stefan Nikolovski

Во второто видео, пак, во кое актерите се расправаат кој да ја плати сметката во кафеаната, се појавуваат и универзитетската професорка Гордана Силјановска и експремиерот Никола Груевски.

@stnikolovski

PART 2

♬ original sound – Stefan Nikolovski