January 19, 2022

Груевски имал сеф во штабот: Сведочи Мартин Протуѓер

Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше за предметот „Плацеви на Водно“. Тој од 2008 до 2011 година бил генерален секретар на партијата, но рече дека не водел сметка за финансирањето на партијата, туку дека тоа било обврска на разни органи во партијата.

Таков сеф имаше и беше во канцеларијата на генералниот секретар. Јас таа канцеларија ретко сум ја користел, од време на време, за состаноци, зашто беше поголема. Таков сеф имаше таму, но јас во целиот тој период ниту можам да кажам што имало, дали имало материјални средства и колку, тоа не би знаел да кажам зошто не знам.

Се зборуваше дека има документација која е од значење на партијата, статути, одлуки, но и одредени финансиски средства.

Разбирав дека има средства за редовните трошоци, хартија, светилки, но не можам да го потврдам со сигурност.

Протуѓер рече дека увид во содржините на сефот имале разни лица кои биле овластени од партијата или од претседателот на партијата, но дека увид сигурно имал и претседателот.

На прашањето дали имало сеф во партиското седиште, тој рече:

Се сеќавам дека во повеќе наврати зборувавме за тоа кој каде би сакал да живее по завршувањето на мандатот. Му велев дека цел живот живеам во стан и не би менувал. Но тој и покрај тоа што исто така што живееше во стан, рече дека сака да живее во куќа. Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште. Сакаше да живее во куќа, мислеше дека така ќе најде мир – рече Протуѓер.

Но, иако често зборувал за Сопиште, еден ден Груевски на Протуѓер му соопштил дека купил земјиште на Водно од 10.000 квадрати. За други детали во врска со тоа не разговарале, а и подоцна, како што рече сведокот, Груевски повторно се вратил на темата за Сопиште, како да не се случило тоа со земјиштето во Водно.

– Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сакаше да каже нешто, не кажуваше – рече Протуѓер.

На прашање на обвинетиот бизнисмен Јордан Камчев дали земјиштето било во близина на еден наш познат бизнисмен, Ристо Гуштеров, Протуѓер рече дека не може да тврди, но дека така сфатил.

– Во тоа време така сфатив дека е во близина на тој бизнисмен – одговори Протуѓер.