January 23, 2022

Видео: Министерството за транспорт сè yште не ги проверило лиценците на останатите возачи на Беса Транс

Министерството за транспорт и врски ги проверило само двајцата возачи кои загинаа во автобусот на Беса Транс во Бугарија, но не и останатите кои ги возеле другите автобуси од конвојот, кој се враќал од Турција за Македонија.

Затоа сè уште не се знае колкумина од нив имале соодветни лиценци за меѓународен транспорт на патници. Нивните дозволи ќе се проверуваат, само ако побара Обвинителството, вели министерот за транспорт Бочварски.

Досегашната истага покажа дека загинатите возачи не биле вработени во Беса транс, едниот имал важечки сертификат, а вториот истечен. Шофер на еден од останатите 3 автобуси бил соспвеникот на Беса, а имало и 2 ца шофери вработени во ЈСП, кои си зеле одмор од државното препријатие и фатиле тура за Истанбул.

Министерот Благој Бочварски вели дека не лицитирале со информации за да не го претвореле Министерството за транспорт во истражен орган.

Министерот Бочварски индиректно отфрли одговорност на неговото министерство во делот на издавањето лиценци. Тој вели дека и лиценци и изводи од лиценци непречено се издаваат на компании кои побарале таков документ.
Во меѓувреме, бугарското обвинителство во соработка со македонските истражни органи продолжуваат со истрагата за кобната несреќа, која се случи на 23 ноември. Но, оттаму велат дека е рано за обвинение, оти истрагата е во рана фаза. Сепак, собрани биле огромен број докази, веќе имало работна теза за несреќата, но немало конкретни докази за вина.

Бугарскито обвинител Бисер Михаилов пред три дена рече дека имало првични докази за неправилно поведение на возачот. И додека државните истражни органи во Бугарија вината ја насочуваат кон возачот, отфрлајќи ги тезите дека лошата изведба на патот е клучниот фактор за несреќата, независни бугарски експерти токму неодржувањето на патот и лошо поставената сигнализација ја посочуваат како причина што возачот се збунил.