January 22, 2022

Ќе даде ли поддpшкa и Максим? За Спасовски нема дилема – Ковачевски треба да го наследи Заев

Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Dimitar Kovacevski, и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството.

Целта е јасна и единствена – партијата да ги реализира ветувањата, да работи и да го унапредува животот на граѓаните, а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме.

Токму затоа промените почнуваат од секој поединец, но само заеднички, одговорно и посветено можеме да продолжиме со успешните социјални политики, да ги унапредуваме социјалните права, да продолжиме да ги покачуваме платите и да ја намалуваме невработеноста, да реализираме капитални проекти, да привлечеме странски инвестиции, да го реформираме системот и да го подобриме севкупниот живот на граѓаните.

Ние сме во постојан контакт со граѓаните, така и ќе продолжиме, да нудиме конкретни решенија за конкретни проблеми.
Со јасен план – социјалдемократска визија за растечка економија и ефикасно и одговорно управување, со фер шанса за сите, одиме #Заедно, одговорно и посветено, до нови успеси за граѓаните и државата!

Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!