January 19, 2022

Деспотовски ги кани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите за лидер на СДСМ и да одговараат на прашања

Јован Деспотовски еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички да организираат презентација на програмите, известува Фактор.мк

„Ќе ги поканам моите партиски другари и кандидати за Претседател на СДСМ Фросина и Димитар заеднички да организираме презентација на нашите програми.

Заедно да се обидеме нашите идеи, концепт и мерки да стигнат до најширок број на наши сопартијци, пред луѓето што одлучуваат. Треба да обезбедиме еднаков пристап до сите наши членови и поддржувачи, кои не секогаш имаат можност да бидат поканети и присутни и да слушнат што нудиме. Затоа, имајќи ги предвид и кратките рокови предлагам презентацијата да биде он-лајн, со отворена можност за поставување на директни прашања.

Предлагам оваа активност да ја организираме во време и на локација што ни одговара на сите кандидати за претседател на СДСМ, вели Деспотовски