January 22, 2022

Meсечен кинески хороскoп за декември 2021: Кој ќе ја запознае својата сродна душа во декември?

Кинескиот хороскоп е комбинација од вековната источна мудрост и современото знаење. Декември ќе биде во знакот на Стаорец, а тоа ќе влијае врз односите и комуникацијата на луѓето родени во овој знак со нивните пријатели. Во продолжение прочитајте што ви предвидува кинескиот хороскоп за овој декември.

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Во текот на декември ќе ви биде лесно да ги дефинирате вашите цели и како и тоа што сакате од животот. Најдете време и простор за да бидете сами со себе и да размислите во која насока сакате да продолжите. Самотијата ќе ви даде мудрост.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Во овој месец ве очекуваат многу пријатни дружби со роднините и пријателите. Уживајте во времето додека сте со нив затоа што подоцна ќе се гледате многу поретко. На работа ќе имате многу можности да се истакнете со добри идеи.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Оваа година може да ви заврши успешно, но и неуспешно, сето тоа зависи од вас. Доколку ви се јави шанса да патувате, задолжително искористете ја можноста да соберете позитивна енергија. Внимавајте на вашето здравје, на повидок се здравствени проблеми.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Во последниот месец од годината ќе ви недостига енергија, па дури и за секојдневните работи што треба да ги правите. Нема потреба од присилување или прекорување, само дајте си повеќе време и дадете го најдоброто од себе за да ги завршите своите задачи. Оние од вас кои се во брак или во стабилна врска можат да дојдат во конфликт со партнерот или децата.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Во декември претставниците на овој знак ќе имаат несогласување со пријателите или колегите. Не обидувајте се да докажете нешто, оставете времето да покаже кој е во право. Во овој период обидете се да не се потпирате на вашата интуиција бидејќи може да ве изневери.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Декември ќе биде идеалното време да ги реализирате сите ваши планови и идеи. Не одложувајте со преземањето акција и не бидете мрзеливи. Можете да постигнете сè што посакувате, но ви недостига самодоверба, а неа ќе ја стекнете само доколку продолжите да работите на себе.

Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Треба да ја научите разликата помеѓу храброста и непотребниот ризик. Не преземајте опасни чекори. Воздржете се од трошење премногу пари за да не се доведете во ситуација со долгови. Одбегнувајте да давате совети во област што не ја разбирате.

Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Декември ќе ви донесе пријатно познанство. Тоа може да биде нов пријател или добар деловен соработник. Оние од вас кои не се во врска имате можност да ја најдете љубовта на својот живот. Кон крајот на месецот ве очекуваат грижи и непријатни обврски.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Во декември ќе добиете пофалби и почитта што за заслужувате благодарение на она што сте го сработиле досега. Од друга страна, внимавајте на кармата затоа што вие ќе бидете одговорни за сите ваши добри и лоши дела. Можни се парични проблеми кон средината на месецот.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Ќе бидете премногу сигурни во себе и ќе ги занемарите мудрите совети на другите. Обидете се да се спуштите на земја, да ги признаете сопствените грешки и да не се стремите кон недостижни цели. Бидете внимателни во комуникацијата, во декември може да навредите некој од вашите најблиски.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Во последниот месец од годината морате да бидете трпеливи и урамнотежени. Обидете се да не направите нешто непромислено за што подоцна ќе зажалите. Овој период може да доведе до влошување на односите со вашите родители. Од друга страна пак, нема да имате никакви здравствени проблеми.

Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Ве очекува поволно време. Доколку студирате, нема да имате проблем со испитите. Можно е професионалците да се соочат со неколку проблеми во својата област. Но, со помош на колегите, ќе можат успешно да се справат со сите проблеми. Сè ќе биде во ред на финансиски план. Декември ќе ви биде одбележан со посебна хармонија во рамките на семејството.

Извор: sensa.mondo.rs