January 22, 2022

Maж во Италија пробал со лажна рака да добие сертифиkaт за вakцинациjа

50-годишник се обидел да го излаже персоналот во клиниkaa во северна Италија да му стават вакцина во вештачка рака место во неговата, во обид да дојде во сертифиkaт за вakцинација без да биде вакциниран против Ковид-19.

Неговиот обид за измама бил забележан од медицинска сестра пред да му биде ставена вакцината. Откако проверила убаво, утврдила дека станува збор за лажна рака, направена од силикон.

Регионалната влада на Пиедмонт го осуди обидот на човекот да го измами системот.

„Случајот треба да биде класифициран како ‘смешен’, но е гест од огромно значење, неприфатлив за жртвите што целата заедница ги дава во пандемијата“, се вели во соопштението на регионална влада.