January 22, 2022

Стоматолозите утре ќе излезат на протест пред Министерството за здравство

Македонското Здружение на Стоматолози Специјалисти утре во 11 часот ќе протестира пред Министерството за здравство.

-Би сакале да ве известиме дека на 6 декември, во 11 часот, Стоматолозите специјалисти од целата држава со поддршка на Стоматолошката комора на Македонија, ќе го изразат своето незадоволство со масовен собир пред Министерството за здравство.

Многу години се обидувавме да се слушне нашиот глас и да најдеме заедничко решение за проблемите со кои се соочуваме и за штетноста на договорите со ФЗО, но за жал не добивме никаков одговор.

Затоа сме приморани на друг начин да го изразиме нашето незадоволство, стои во нивното соопштение.

Следен линк: СЕ КАЗНУВА ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 39 прекршоци.

Инаку, мерката за носење на заштитна маска на отворено е укината, со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, а останува на важност мерката за задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.