January 23, 2022

Агнеса за разводот со Роберт: Јас не сyм cпонзорyша

Агнеса за разводот со Роберт: Јас не сум cпонзоруша. Животот на Агнеса Органџиева, екс Орданоска, по само десет месеци повторно е ‘интересен’ за јавноста.

На почетокот на годинава се појавија проблемите во бракот, со сега веќе поранешниот сопруг Роберт Орданоски, а тие јавно се ‘препукуваа’ на социјалните мрежи.

Поранешниот директор на АЕК јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак затоа што „се оладила од него откако веќе не е директор“ и ја нарече ‘Фотошоп барбика’.

Агнеса пак, реагираше на Фејсбук објавата на својот сопруг велејќи дека во целата ситуација најголема жртва се децата, заради тоа што ќе читаат и слушаат невистини за својата мајка.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Агнеса си ја отвори душата и ја раскажа приказната од нејзин агол. Погледнете го видеото: