January 22, 2022

За ваша безбедност: На овин 5 работи не им е место во Вaшатa чанта и паричниk

Совети за безбедност на вашите лични работи

1. Пинoви и лозинки од картичkи или слично

Можеби не се сеќаваме на сите лозинки кои што ги имаме на картичките, социјалните мрежи, е-маилот и слично, но не треба да ги запишеме на ливче кое ќе го ставиме во нашата чанта или паричник. На овој начин на крадецот ќе му овозможите пристап до сите Ваши средства. Затоа најдобро овие информации чувајте ги во мобилен кој исто така има своја лозинка за отклучување.

2. Картички кои ретко ги користите

Ако поседувате повеќе кредитни картички, немојте да ги носите со себе сите, туку само оние кои најмногу ги користите. Во случај на кражба нема да мора да откажувате повеќе картички а и ќе имате картичка која ќе можете да ја користите во тој период.

3. Резервен клуч

Изгубен паричник со документи од вашата домашна адреса и резервен клуч е рај за крадците. Најдобро е резервниот клуч да го дадете на некој пријател или роднина во кој имате целосна доверба.

4. Сметки

Како прво сосема е непотребно да носите стари сметки со Вас доколку не Ви се потребни. Но исто така сметките на крадецот можат да му овозможат детални информации за сите Ваши лични податоци и лозинки.

5. Пасош

Кога патувате во странство оставете го пасошот во сефот на хотелот или на друго безбедно место. Направете фотокопија од вашиот пасош, кој можете да го носите во паричникот во случај да ви треба за идентификација. Маките кои доаѓаат со губење на пасош во странска земја никој не сака да ги почувствува.