January 23, 2022

ВИДЕО: Глетка што ретко се гледа, мечка лови заедно со волци па на крај им го краде ловот

Видеото објавено од американскиот национален парк Јелоустоун покажува ретко виден случај – мечка лови со глутница волци, но се покажа дека не е ново пријателство – мечката го украла уловот и побегнала со него.

Мечките и волците не се видови кои се дружат, објави Бизнис Инсајдер во неделата, но во овој случај мечката им се придружила на волците во лов на елени, малку демнела додека не убиле еден, а потоа влетала и им го украла пленот.

Подмолното однесување кога еден животински вид краде храна од друг се нарекува клептопаразитизам.

Претставниците на паркот велат дека не е невообичаено мечките да крадат храна од волците, но заедничкиот лов е затоа што двата вида обично се игнорираат еден со друг.