January 23, 2022

Бугарите бараат да летаат авиони од Софија до Скопје и обратно

Воздушната линија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град е 170 километри. Во раните деведесетти, неколку месеци меѓу 1991 и 1992 година, нашата авиокомпанија Палер“ летала меѓу Скопје и Софија со изнајмен авион од бугарската „Балкан Ер“. Оттогаш летови нема.

Бугарската влада преговара со неколку авиокомпании кои би можеле да летаат на релација од Софија до Скопје, а за тоа нема правна пречка бидејќи Македонија и Бугарија имаат потпишано меморандум за соработка во 2015 година, вели бугарскиот министерот за транспорт, Николај Субаев за националната телевизија БТВ.

– Имаме интензивни подготовки и сме во преговори со различни авиокомпани коишто изјавиле интерес – изјави Субаев.

Субаев требаше да биде дел од делегацијата на новиот бугарски премиер Кирил Петков за која е неизвесно дали ќе ја посети Македонија на 18 јануари, откако се дозна дека Петков бил во контакт со лице позитивно на коронавирусот.