January 22, 2022

(Вознемирувачko видео) Kарпа паднала врз туристи во чамци, голем број загиnaaти, се трага по исчезнатите

Најмалку седум лица загинале, три се исчезнати, а девет се тешко повредени откако карпа се срушила врз моторни чамци во саботата.

Карпа се урнала под водопад во југоисточен Бразил.

Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот на Капитол, во државата Минас Жераис, соопштиле локалните власти, пренесува Ројтерс.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога голем блок од камења се урнал во водата, а во таа несреќа потонал најмалку еден брод.

Властите соопштиле дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите.