May 27, 2022

Aвтобус возел низ Охpид со неисправен уред за сопирање – МВР го исклyчило од сообраќај

На 06.12.2021, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, контролирале и во станица за технички преглед упатиле 22 автобуси што вршат јавен превоз на патници – информира МВР.

Притоа, кај еден автобус констатиран бил неисправен уред за сопирање поради што возилото е исклучено од сообраќај, а кон правното и одговорното лице се поднесени соодветни пријави.

Во Струга, поради неправилно паркирани возила, со специјално возило „пајак“, подигнати се пет моторни возила, а во Кичево полициските службеници санкционирале шест пешаци кои коловозот го преминувале надвор од обележан пешачки премин.