May 27, 2022

ФОТО: Го собори сопствениот рекорд, има 444 новогодишни елки во стан

 class=

Човекот кој за себе вели дека е „луд по Божиќ“ го собори светскиот рекорд по број на божиќни елки во еден дом.

Томас Џеромин во својот стан со површина од 100 метри квадратни во германскиот град Ринтелн сместил 444 пластични новогодишни елки, дваесет повеќе од лани.

Елките се насекаде во станот, во ходниците, спалната и работната соба, буквално го заземаат секој слободен простор.

Германскиот Институт за рекорди ги посети 55 годишниот Томас и неговата сопруга Сузан и потврди дека се работи за „најголемиот број украсени новогодишни елки на едно место“.

Церомин вели дека му биле потребни 47.000 сијалички за да ги осветли сите елки и 72.000 украси за новогодишната магија.

Најголемата елка е висока 3,5 метри. Елките ги чува на таванот, а почнува да ги симнува во станот во август.