May 27, 2022

УТРОВО НА ОВИЕ ДВЕ МЕСТА УШТЕ ТРУПА СНЕГ БЕЗ ПРЕСТАН – вистинска зимска идила и снежна покривка од неколку сантиметри (ФОТО)

Македонија утрово се разбуди под снег.

Утрово речиси на сите повисоки места, но и на пониските врнеше снег.

Според камерите на „skimacedonia.mk“ снег во моментов врне без престан на Попова Шапка како и во Нижо Поле на Пелистер.

Инаку утрово под снег е и Маврово, планината Водно, Галичица, Пониква како и Крушево.

Метеоролозите најавуваат снег и денес во текот на денов.