October 6, 2022

Трае само неколку секунди: Брз тест кој открива дали на вашето тело му недостасува еден од најважните минерали

Железото е еден од најважните минерали во човековиот организам затоа што има повеќе есенцијални улоги, па многу е важно да го внесувате во адекватна количина и да ги следите првите показатели дека во телото го имате во мали количини.

Од сите минерали во човековиот организам, железо има најмногу!

Како да не е тоа така кога истото има важни улоги?

Само некои од нив се транспортот на кислород низ крвотокот, градење на миоглобини, протеини кои помагаат на дополнување на кислород во мускулните клетки, како и тоа што влегува во состав со бројни ензими вклучувајќи ги и оние кои учествуваат во произведување на енергија.

Доколку сето тоа не ви е доволно, имајте на ум дека железото игра важна улога и во правилната работа на имуниот систем.

Доколку нивото на железо е ниско, ниско е и нивото на еритроцити, односно црвените крвни зрнца, а еритроцитите кои телото успева да ги произведе се помалубројни.

Нема железо – нема хемоглобин, а телото не добива доволно кислород за нормално да функционира.

Овој минерал може да се внесе низ исхраната и бројни намирници и суплементи, а доколку во организмот имате помало ниво на овој минерал, се јавуваат симптоми како умор, бледило, краток здив, главоболки, вртоглавици, сува и оштетена коса и кожа, отечен и блед јазик, немирни нозе, кршливи нокти.


Не е секој недостаток на железо анемија, но доколку тој дефицит е сериозен истиот може да прерасне во тоа заболување кое го има во повеќе видови.

Краток тест

Испружете ги рацете пред себе, па свртете ги дланките нагоре. Раширете ги прстите.

Доколку наборите на дланките се посветли во однос на останатиот дел од кожата, тоа може да значи дека имате лоша циркулација предизвикана од намалено ниво на железо во крвта.

Во тој случај треба да посетите доктор за да направи лабораториски анализи кои единствено можат да го потврдат тоа.