October 6, 2022

Тасевски: Заев беше Џордан во СДСМ, не верувам дека некој од клупа може да го замени

Алтернатива беше во намера да ја руши владата на СДСМ и ДУИ, но не да направи Влада со ВМРО. Сега е обратна ситуацијата. Преговорите обично во држави во Македонија во кои што се знае кој е патот, одат лесно. Се наоѓа партнерот со кој ќе ги завршите тие работи. Сметам дека Алтернатива ќе влезе во Влада, тоа е речиси завршена работа и тоа ќе биде нови две и пол години владеење на оваа Влада. Сметам дека ќе се пристапи кон преговарање со Бугарија за решавање на клучното прашање за отпочнување на преговорите. Тие ќе бидат катализаторот и каналот на промените кои ги очекуваме, вели Љупчо Зиков во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Негов соговорник беше актерот Сашо Тасевски кој рече дека СДСМ не го спасува никој во една ваква ситуација.

Јас немам рејтинг агенција, немам куќа за мерење рејтинзи, но ќе ви ги кажам причините за поразот на СДСМ на изборите.

Има 4 причини главни. Сакаат да ја релативизираат победата на ВМРО. Причините се четири: Промената на името, договорот со Бугарија, реформите на Мила Царовска во образованието кои ги тераше без слух за потребите на јавноста, и под број 4 она што го закова ковчегот е пожарот во модуларната болница во Тетово. Добивме монтирана оставка, која беше фрлена во корпа.

Многу точно се знае што придонесе за поразот на СДСМ. Тука е нереагирањето на криминалот, кадровската политика, несоодветното менаџирање, поделеноста на државата на македонска и албанска, поделбата на територијата на интереси, вие македонците до тука, ние албанците од тука до тука. Сето тоа доведе до овој пораз, смета Тасевски.

Според него ако Заев падне од власт, тоа е како Џордан да падне од клубот, па оттаму смета дека Ковачевски кој седел на клупа, и кој е трета постава не може да биде спас за партијата, додаде тој.