October 6, 2022

Стојне Николова за наводната врска со нејзиниот менаџер: Ние сме јавни личности, мораме да се носиме со нашата професија и кога се зборуваат невистини

Стојне Николова за Бекстејџ зборува за наводниите муабети дека е во тајна врска со нејзиниот менаџер Мојсо.

Ние сме јавни личности и мораме да бидеме спремни се и сешто да слушнеме за нас. Знаеме дека многу естрадни луѓе ги поврзуваат со менаџерите, нивните колеги, но не мора тоа секогаш да биде така. Ние сме јавни личности и мораме да се носиме со нашата професија. Некогаш не ни е пријатно да слушнеме такви работи, поготово кога тоа не е вистина. Ние сме споени правно, ние сме споени и морално. Ја почитувам и ја поздравувам Билјана, неговата сопруга, имам поддршка од неговата жена, како и од неговото семејство.

Таа не познава нас двајца, знае дека сме многу блиски. Јас можам да кажам дека Бобан и неговата сопруга се мојата втора фамилија. Тие се тука за мене во секое време, исто и јас за нив. Можам слободно да кажам дека таков однос во денешно време ретко постои. Многу ми е драго што и тој момент, и тоа нешто кое е преубаво, а не може да се опише со зборови, да се почувствува.

Вели дека изнаслушала се и сешто, но дека ништо не ја допира.

Сум се соочувала со различни коментари, но мило ми е што повеќето коментари се позитивни, знаат каква личност сум повеќето луѓе.