Полицијата води истрага против маж осомничен дека вчера уkрaaл училишен автобус во Њујорк и удрил во најмалку 15 паркирани возила пред конечно да биде совладан.
Инцидентот во кој најмалку четири лица се полесно повредени се случил во четвртокот околу 15 часот, а полицијата го бркала крадецот низ неколку блокови, додека конечно не го совладала на една раскрсница.
Ентони Рејес (43) е обвинет за тешка кражба, загрозување на сообраќајот, незаконско возење и други кривични дела.
Пред конечно да биде запрен, Рејес оштетил неколку автомобили паркирани на улицата. Очевидец вели дека автобусот удрил во секој автомобил.
– Во едното возило имаше жена. Да не ја извлечеше полицаецот, ќе беше мртва. По првиот удар полицаецот ја извлекол, а автобусот потоа продолжил да удира во возилото обидувајќи се да побегне – тврди очевидецот.
Во автобусот за среќа немало деца, но во возилата во кои удрил возачот на училишниот автобус имало луѓе.
– Го удри мојот автомобил, мислам дека не сум повреден, сè уште ми паѓа адреналинот, па не знам – вели Рејмонд Џонсон, кој се нашол на патеката на лудиот возач.
снимката со клик ТУКА